Сензорните активности не секогаш значат високоенергетски, брзи или неуредни активности. Некои сензорни активности помагаат да се смират децата и да донесат мир и спокој во нивните мали срца. Лавандата има смирувачки мирис и поради тоа оваа игра е погодна да ја понудите пред дремка или спиење.
Потребно ви е:
- ориз
- акрилни бои
- гел за дезинфекција
- лаванда (или етерично масло од лаванда)
Оризот го фарбате во боите на лаванда (нијанси на сино и виолетово). Во кесичка или некој пластичен сад ставате ориз, неколку капки акрилна боја и неколку капки гел за дезинфекција. Кесичката ја затворате и добро протресувате. Откако ќе се распореди бојата, оризот го распоредувате на хартија во еден слој за да се исуши (неколку часа или преку вечер). Оризот го ставате во садот за играње и истурате неколку капки етерично масло од лаванда или уште подобро е ако имате лаванда да ја разроните и да ги ставите ливчињата.