Search here...
TOP
Игри и активности Мајчинство

Велигденска активност

Оваа активност е наменета да се усоврши техниката отвори-затвори, а воедно да се учат и препознаваат боите.

Потребни материјали:

  • Картон (јас користев кутија за тастатура)
  • 4 шишиња со капаче
  • Темперни бои или перманентни маркери (бела, црвена, жолта, зелена и сина)
  • Темплејт зајчиња кој може да го симнете тука
  • Темплејт зајчиња (шеми) кои може да го симнете тука
  • Ножички и скалпер
  • Лепило

Начин на изработка:

Темплејтот зајчиња испринтајте го и исечете го. На картонот исцртајте ги формите и со бела темперна обојте ги формите на зајчињата. Со капаче од пластично шише исцртајте кругови кои ќе бидат опавчето на зајачето и исечете ги со скалпер. Потоа грлото од пластичното шише залепете го на направените кругови. Капачињата на шишињата обојте ги со темперните бои (црвена, жолта, целена и сина) кои ќе одговараат на подготвените шеми.

Шемите испринтајте ги на А4 хартија во боја и исечете ги.

Покажете му ја активноста на вашето дете, односно презентирајте ја така што ќе ја повторите неколку пати. Потоа понудете му ја активноста само да ја прави.

Во продолжение погледнете го видеото со начинот на изработка.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите