Овие вкусни бомбици од боровница се одличнна опција за доручек за тодлери. Направени се со овесни снегулки, боровница и путер од кикирики и се здрава опција за возрасни и за деца.
Состојки:
- 1 шолја / 110 гр овесни снегулки
- 1 шолја / 150 гр замрзнати боровинки
- 1 супена лажица путер од кикирики (или било каков путер од јатки)
- 1/3 шолја / 25 гр кокос
Доколку децата јадат по благо, а сеуште сакате да биде здраво, може да додадете неколку урми, лажица мед или јаворов сируп.
Начин на подготовка:
- Овесните снегулки, боровинките и путерот од кикирики го додавате во процесор за храна. Блендирате додека не се соединат состојките и добиете дебела смеса. Го додавате кокосот и промешувате.
- Со раце земате од смесата и формирате топчиња. Топчињата можете да ги извалкате во кокос
Чување на бомбиците
Бомбиците може да ги чувате во сад со поклопец до два дена во фрижидер или да ги замрзнете до еден месец.
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари