Search here...
TOP
Празници се ближат Уредување на домот

Корпа како постолје за новогодишна елка

Отсекогаш ме нервираше она метално постолје на елката! Секоја година пробувам да го сокријам…со подароци, со кебиња, со перници… се додека не ми се појави едно видео на инстаграм кое ми даде идеа.

Дел од работите веќе ги имав по дома, остана да си земам една корпа која секако ќе си ја користам преку цела година! Кога дојде моментот да го поставам постолјето на начин како што е објаснето во видеото, елката беше ужасно нестабилна и целата се клатеше. Но, како и секогаш, кога мене ќе ми текне некоја идеја, Дејан е задолжен да најде начин да ја реализира кога мене не ми иде.

Потребни материјали:

  • плетена корпа – оваа плетена корпа ја земав од Џамбо и кошташе 700 ден
  • тегови за вежбање – ова се оние тегови со два круга и шипка, каде што шипката се вади. Веќе ги имавме дома, но мислам дека и тие може да се најдат во Џамбо
  • стиропор – подебел стиропор кој се сече во круг по димензиите на отворот на корпата
  • дрвено стапче, коноп силикон – овие работи може ќе ви бидат потребни, во зависност од тоа каква ви е елката

Постапката беше следна:

Теговите се одделуваат од шипките. Потребни ќе ви бидат 3-4 тегови, во зависност од големината и висината на корпата. Првите два тега ги ставате во внатрешноста на корпата. Потоа го ставате парчето стиропор претходно исечено во круг. Е сега, на видеото кое го гледав постолјето на елката само го забодува на стиропорот, но на овој начин едноставно елката целата се клатеше и не беше стабилна. Така да, зависи какво ви е постолјето на елката, односно ако ви го собира во дупчињата од теговите ќе биде совршено. Но, бидејќи во нашиот случај, постолјето беше поголемо од дупките на теговите моравме да импровизираме. Така, земавме еден дрвен стап кој малку го засековме за да може да влезе во отворот на теговите. Потоа, од едната страна го заморавме/залепивме со коноп за да може тој дел да се пикне во постолјето од елката. На тој начин, стапот беше конекторот меѓу теговите кои даваат стабилност и самото постолје од новогодишната елка. На видеото подолу визуелно ќе видите како се редени теговите за да ви стане појасна целата постапка!

На крајот на видеото ќе видите колку е сиромашен врвот на нашата елка. Едноставно не е густ и разгранет како долниот дел на елката и тоа воопшто не ми се допаѓаше! Пред некоја година направив финта да го згуснам тој дел. Купив една украсна божиќна гранка. Со ножици ги исеков гранчињата и ги врзав со снопче. Потоа овие мали гранчиња – снопчиња и ги пополнував во просторите каде што имаше дупки.

Гранката ја земав пред 2 години во Базаро за некој 600 ден, ама на линков може да видите слика за каква гранка станува збор бидејќи не знам подобро да ја објаснам со зборови 🙂

Ви посакувам среќни и весели празници!

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите