Кога ја заменував летната со зимската гардероба најдов неколку работи што ми беа за фрлање, но решив да ги искористам за да ја направам оваа есенска декорација 🎃
View this post on Instagram
Се надевам од видеото ќе ви биде доволно јасно како се прават тиквичките. Полнењето за перници го земав од @struzankamk а за рачките користев стапчиња од цимет кои ги залепив со силиконски пиштол. За другите тиквички, на стапчињата залепив бел коноп. Потребна ви е игла со доста голем отвор за да може да протнете волница. Обичен конец нема да ви заврши работа зошто лесно се кине.
Ако некој како мене што не знае копче да сошие успеа да ги направи овие тиквички тогаш може секој 😀 важно е да не се откажувате од прва, после третата тиквичка веќе се влага во штос 🤣
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари