Search here...
TOP
Мајчинство Монтесори

Традиционално наспроти монтесори образование

zoe exploring

Монтесори е образовна филозофија развиена од италијанскиот лекар д-р Марија Монтесори во раните 1900-ти. Се карактеризира со специјално дизајнирани материјали за учење, учење предводено од детето и меѓусебна соработка. Учењето во стилот на Монтесори се случува во претходно подготвена средина во која децата можат слободно да избираат кои активности сакаат да ги прават. Марија Монтесори е една од првите италијански лекарки која користела сензомоторни техники развиени додека работела со деца со ментална попреченост за да им помогне на децата со нормален развој од семејства со ниски приходи. Во 1907 година, таа ја основала првата детска куќа (градинка) Монтесори (Casa dei Bambini) за децата од предучилишна возраст.

Марија Монтесори верувала дека целта на образованието во раното детство не треба да се насочува кон изложување на детето на премногу факти и информации, туку да ја поттикне и негува неговата природна желба за учење.

Во традиционалното образование, наставникот генерално стои пред училницата и одлучува што децата треба да учат дента (пристап од горе – надолу). Од друга страна, во Монтесори образованието постои динамична врска помеѓу детето, возрасниот и околината. Детето само одлучува што сака да учи, а е поддржан од страна на возрасното лице и околината.

Во домашни услови, традиционално родителот е главен. Тој ги носи сите одлуки и прави многу работи кои можеби децата би можеле да ги прават самостојно. На пример да се облечат или да измијат заби. Како родители често ја насочуваме нивната игра (пр. сега ќе си играш со коцки) и тоа што сметаме дека треба да научат во момент (пр. сега ќе учиме да броиме).

Во Монтесори работите се малку поинакви. Родителот има улога водич кои ги охрабрува децата со тоа што им овозможува да истражуваат, да учат преку игра, да станат независни и да научат како може да учествуваат во секојдневните активности во домот.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите