Законот за работни односи предвидува повеќе видови отсуства и права за бремените жени и мајки.
- Заштита од дискриминација на работничка по основ на бременост, раѓање и родителство (член 9-б од Закон за работни односи) – Забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство, без оглед на времетраењето и видот на работниот однос заснован согласно со закон. Забраната на дискриминација се однесува на пристапот до вработување, условите за работа и сите права од работен однос и откажувањето на договорот за вработување на работнички кои се наоѓаат во состојба на бременост или користат права кои произлегуваат од раѓање и родителство.
- Права и обврски на работодавачот (член 25 од Законот за работни односи) – Забраната за барање доставување на други исправи и докази вклучува и забрана за барање на тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со работничка, без оглед на работното место за кое се заснова работниот однос.
- Забрана на отказ поради бременост, раѓање и родителство (член 101 од Закон за работни односи) – Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и скратено работно време поради грижа за дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби и спреченост за нега на дете до тригодишна возраст.
- Забрана за вршење работа за време на бременост, по породување и на работници од специфични ризични групи (член 162 од Закон за работни односи) – За време на бременост и уште една година по породувањето, работничката не смее да врши работи, ако тие со зголемена опасност влијаат на нејзиното здравје или здравјето на детето.
- Посебна заштита за време на бременоста (член 163 од Закон за работни односи) – Работодавачот на смее да бара какви било податоци за бременоста наработничката, освен ако таа самата не ги достави заради остварувањето на правата завреме на бременоста. Ако работничката врши работа која за време на нејзината бременост може штетно да влијае на нејзиното здравје или здравјето на детето, работодавачот е должен да и обезбеди вршење на друга соодветна работа и плата, како да ја вршела својата работа, ако тоа за неа е поповолно.
- Заштита за време на бременост и родителство во врска со ноќната и прекувремената работа (член 164 од Закон за работни односи) – За време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе. На работничката која има дете од една до три години возраст, може да и се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по нејзина претходна писмена согласност.
- Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство (член 165 од Закон за работни односи) – Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) 15 месеци. Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, работничката може да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓање. Доколку работничката се породи порано, отсуството за бременост и раѓање започнува да го користи од денот на раѓање на детето. Доколку од здравствени причини детето е задржано за нега или лекување во здравствена установа и доколку во меѓувреме мајката или таткото се вратат наработа, отсуството поради раѓање и родителство се прекинува и истото имаат право да го искористат неискористениот дел од отсуството. Работникот е должен на работодавачот да му го најави времето на започнувањето на користењето и времето на завршување на родителското отсуство 30 дена пред започнувањето, односно пред завршувањето на користењето на правото на родителско отсуство. Работничка која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на деветмесечна возраст на детето, а доколку посвоила повеќе деца (две или повеќе) 15 месеци. Работничка која посвојува дете има право на платено отсуство за времетраењетона периодот на адаптацијата на детето, согласно со прописите за семејството.
- Повторно враќање на работа од отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство (член 166 од Закон за работни односи) – Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена одденот на раѓање на детето. Во ваков случај, работничката покрај правото на плата, има право и на надомест на плата за отсуство поради бременост и родителство, во висина од 50% од утврдениот износ на надоместокот за отсуството. На крајот на родителското отсуство работникот има право да се врати на истото работно место или, доколку тоа не е возможно, на соодветно работно место според условите од договорот за вработување.
- Користење на отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете (член 167 од Закон за работни односи) – Доколку отсуството од работа за родителство не го користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на детето.
- Продолжување на отсуство поради бременост, раѓање и родителство (член 168 од од Закон за работни односи) – Ако работничка роди мртво дете или ако детето умре пред истекот на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, има право да го продолжи отсуството за време колку што според наодот на лекар е потребно да закрепне од раѓањето и од психичката состојба предизвикана со губењето на детето, а најмалку 45 дена, за кое време и припаѓаат сите права врз основа на отсуството за бременост, раѓање и родителство.
- Скратено работно време на родител на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби (член 168 од Закон за работни односи) – Еден од родителите на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби има право да работи со половина од полното работно време ако двајцата родители сево работен однос или ако родителот е самохран, врз основа на наод од надлежналекарска комисија, ако детето не е сместено во установа за социјално-здравственозгрижување. Скратеното работно време се смета како полно работно време.
- Надоместок на плата (член 169 од Закон за работни односи) – Работникот кој користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, отсуство за нега и заштита на дете има право на надоместок на плата согласно со овој и друг закон и колективен договор. Работникот на кој му престанал договорот за вработување на определено време поради истек на договорот и користи надоместок на плата за време на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, продолжува да го користи правото до истекот на отсуството на товар на органот надлежен за спроведување на задолжителното здравствено осигурување.
- Неплатено родително отсуство (член 170-а од Закон за работни односи) – По завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, работничката има право на неплатено родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на тригодишна возраст на детето, во најмногу три дела, заради грижа за детето.
- Право на мајката доилка (член 171-а од Закон за работни односи) – Работничката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време, има право наплатена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето.
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари