Драги мајки и љубители на DIY проекти, денес сакам да споделам една едноставна, но неверојатно ефективна идеја за новогодишна декорација која ја направив дома – цртање божиќно село на прозорец! Ова е идеално решение за тие што не се многу вешти во цртање – само ги прецртувате куќичките на прозорот користејќи темплејтите кои однапред се спремни и може да ги симнете.
Потребни материјали:
- Испринтани темплејти со божиќни куќички (може да ги симнете тука).
- Бел маркер на водена база (купен е од ДМ – идат во пар еден потенок, еден подебел)
- Хартија
- Селотејп
Чекор по чекор:
- Подготовка на темплејтите: Испринтајте ги темплејтите со куќичките на обична хартија.
- Поставување на прозорецот: Залепете ги хартиите од надворешната страна на прозорецот.
- Цртање со маркер: Со бел маркер на водена база, внимателно исцртувајте ги линиите на куќичките според принтаниот шаблон. Можете да додадете и свои детали – снег на покривите, прозорчиња, или светилки за уште попразничен изглед.
- Отстранување на хартијата: Откако ќе завршите со цртањето, нежно одлепете ја хартијата. На стаклото ќе останат само исцртаните контури на куќичките, кои изгледаат како магично осветлени наутро или навечер.
- Реупотреба: Темплејтите потоа ги коиристите за останатите прозорци
Зошто ја сакам оваа декорација:
- Едноставна е за изработка – не ви требаат скапи материјали или многу време.
- Децата можат да учествуваат – ова е одлична активност за целото семејство. Мојата Зои обожаваше да помага додека ги цртавме деталите.
- Ефективна е – изгледа прекрасно и кога ќе падне првиот снег, ефектот е уште попразничен.
Преземи ги темплејтите:
Заклучок:
Новогодишните празници се време за креативност, топлина и заедништво. Оваа декорација е совршен начин да го внесете духот на Божиќ во вашиот дом, а истовремено да поминете квалитетно време со семејството. Ако ја пробате оваа идеја, би сакала да ги видам вашите фотографии! Означете ме на Instagram @dragana.nikoloska
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари