Search here...
TOP
Празници се ближат

Новогодишна декорација: Цртање божиќни куќички на прозорец

Драги мајки и љубители на DIY проекти, денес сакам да споделам една едноставна, но неверојатно ефективна идеја за новогодишна декорација која ја направив дома – цртање божиќно село на прозорец! Ова е идеално решение за тие што не се многу вешти во цртање – само ги прецртувате куќичките на прозорот користејќи темплејтите кои однапред се спремни и може да ги симнете.

Потребни материјали:

  • Испринтани темплејти со божиќни куќички (може да ги симнете тука).
  • Бел маркер на водена база (купен е од ДМ – идат во пар еден потенок, еден подебел)
  • Хартија
  • Селотејп

Чекор по чекор:

  1. Подготовка на темплејтите: Испринтајте ги темплејтите со куќичките на обична хартија.
  2. Поставување на прозорецот: Залепете ги хартиите од надворешната страна на прозорецот.
  3. Цртање со маркер: Со бел маркер на водена база, внимателно исцртувајте ги линиите на куќичките според принтаниот шаблон. Можете да додадете и свои детали – снег на покривите, прозорчиња, или светилки за уште попразничен изглед.
  4. Отстранување на хартијата: Откако ќе завршите со цртањето, нежно одлепете ја хартијата. На стаклото ќе останат само исцртаните контури на куќичките, кои изгледаат како магично осветлени наутро или навечер.
  5. Реупотреба: Темплејтите потоа ги коиристите за останатите прозорци

Зошто ја сакам оваа декорација:

  • Едноставна е за изработка – не ви требаат скапи материјали или многу време.
  • Децата можат да учествуваат – ова е одлична активност за целото семејство. Мојата Зои обожаваше да помага додека ги цртавме деталите.
  • Ефективна е – изгледа прекрасно и кога ќе падне првиот снег, ефектот е уште попразничен.

Преземи ги темплејтите:

Божиќно село

Заклучок:

Новогодишните празници се време за креативност, топлина и заедништво. Оваа декорација е совршен начин да го внесете духот на Божиќ во вашиот дом, а истовремено да поминете квалитетно време со семејството. Ако ја пробате оваа идеја, би сакала да ги видам вашите фотографии! Означете ме на Instagram @dragana.nikoloska

Home with Zoe

«

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите