Search here...
TOP
Направи сам Празници се ближат

Хартиени лампиони направени од корпички за мафини

Сезоната на празници е пред нас и ако сте како мене, едвај чекате да го исполните домот со празнични украси. Но, зошто да се задоволите со украси купени во продавница кога можете да создадете симпатични и персонализирани лампиони кои ќе ја украсуваат новогишната елка во годините кои доаѓаат.

Во овој пост ќе ви покажам како може да направите интересни хартиени лампиони користејќи хартиени корпи за мафини. Соберете го семејството, пуштете си ја омилената празнична плејлиста и забавувајте се трансформирајќи ги обичните хартиени корпи за мафини во прекрасни божиќни украси. Најдобриот дел е тоа што најверојатно сите материјали веќе ги имате дома, на тој начин овој направи сам проект е вистински економичен и еколошки потфат.

Потребни материјали:

  • хартиени корпи за мафини – при изборот на корпичките за мафини гледајте да бидат со бои и шари кои ќе ви одговараат на вашата елка
  • лепило или силиконски пиштол
  • коноп или врвка

Начин на изработка:

Хартиените корпички за мафини се двојат една по една. Потоа, секоја корпичка целосно се отвора и со се става лепак од средината па надолу. Потоа се превиткува на половина за да се залепи. За еден лампион потребни ви се 13-15 хартивчиња. Потоа, на половинките од хартивчињата ставате лепило на двата краеви и ги редите/лепите една врз друга. На крај лепите од врвката и со лепило ги спојувате првото и последното хартивче за да добиете форма на топка, односно лампион.

Во видеото подолу ви е објаснета целата процедура:

Црвените хартиени корпишки ги земав од DM, а белите во нашиот локален маркет.

Happy crafting! 🌟🧁🎀

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови